Богдан е херојот кој не размислувал ни за момент! Препливал еден километар во мрак за да спаси девојка

Жителот на руската Икутска област, Богдан Огородников, препливал еден километар низ реката Лена во целосен мрак, за да спаси девојка која се давела.

23-годишниот Огородников и неговиот пријател Сергеј Качин, се враќале дома по полноќ кога слушнале повик за помош кој што доаѓал од реката, пренесуваат од руското Министерство за вонредни ситуации.

Огородников скокнал веднаш во водата и препливал дури еден километар во мракот за да стигне до девојката. Неговиот другар Качин останал на брегот и ѝ довикувал на девојката да продолжи да вреска за Огородников да може да ја лоцира во мракот по нејзиниот глас.

Огородников на крајот успеал да ја пронајде девојката во водата и ја извлекол на брегот каде што ѝ помогнал насобраниот народ и ја одвел во болница. Денес, руските медиуми откриваат дека спасувачот работел како морнар на рускиот пароброд „Мамакан“.

Leave a comment

error: Content is protected !!