Бог го погледнал: Преживеал 4 дена под урнатините! Жив закопан ја чекал судбината

Во морето од лоши вести за се поголемиот број на жртви во земјотресот и цунамито кои го погодиле индонезискиот остров Сулавези, а кој според последните проценки изнесува 1.234, денес се појавила една светла точка – спасувачите во Палу извлекле жив човек од урнатините.

Како што пишуваат локалните медиуми, 38-годишниот Сапри Нусин бил пронајден во свесна состојба под урнатините на деловна зграда.

Велат дека зборува со спасувачите кои го пренеле во болница. Неговата моментална здравствена состојба не е позната, но со оглед на страшните уништувања и ужасната ситуација во која бил жив затрупан, може само да се претпостави што се му минувало низ глава.

Канцеларијата за координација на хуманитарната помош на ОН проценува дека најмалку 191.000 луѓе итно мора да добијат помош. Меѓу нив има 46.000 деца и 4.000 постари лица.

Инаку, со оглед на тоа што во Индонезија е жешко, а климата е влажна, вчера почнале погреби во масовни гробници за да се избегнат зарази. Индонезиските власти стравуваат дека бројот на жртви ќе расте и прогласиле двонеделна вонредна состојба.

Leave a comment

error: Content is protected !!