Бобан од Авалон на ручек со таткото на Дуа Липа

Дали на повидок е соработка помеѓу Авалон продукција и Дуќагин Липа кој е татко на светски познатата пејачка Дуа Липа?

Бобан Милошевски од Авалон објави фотографија со Дуги Липа, познат рок пејач од Косово, од кого Дуа Липа го наследи музичкиот талент. Во опуштена атмосфера, со чаша бело вино во раце, Бобан и Дуќагин можеби наздравија за нова соработка. Ова не би било воопшто чудно, знаејќи го фактот дека таткото на Дуа летово организира голем музички фестивал во Приштина, каде што најголема ѕвезда ќе биде неговата ќерка.

Фестивалот ќе се одржи во август, но судејќи според заедничката фотографија на двајцата вљубеници во добрата музика, а и амбициите на Милошевски секогаш во Македонија да носи актуелни светски имиња, можно е Дуа Липа да запее и во Скопје.

Дали Бобан ќе ги исполни нашите желби, да ја видиме една од моментално најпопуларните пејачки во светот во живо во Скопје?

Leave a comment

error: Content is protected !!