BMW M3 или Alfa Romeo Giulia QV – кој е побрз?

Кога станува збор за моделот “Alfa Romeo Giulia QV”, без никаков сомнеж, станува збор за еден многу перформантен автомобил. Имено, неговиот “V6” агрегат со турбо полнач, 2,9 литарски мотор кој потекнува од компанијата “Ferrari”, развива 503 коњски сили и 600NM обртен момент. Благодарение на тој агрегат, Giulia QV од 0 до 100 km/h забрзува за само 3,9 секунди.

Од друга страна го имаме “BMW M3” чиј агрегат развива “само” 425 коњски сили и 550 NM обртен момент, и за забрзување од 0 до 100 km/h му се потребни 4,1 секунди, и тоа кога агрегатот е поврзан со седмостепена DCT трансмисија, односно со мануелен шестостепен менувач.

Двата автомобили се во фабричко издание, а на основа приложената видео снимка, можеме слободно да кажеме дека трката била предвидлива.

Секако, забрзувањето по права линија не е единствената работа на која се гледа при купување на премиум спортски седан модел, туку тука се и управувањето и квалитетот на материјалот.

Што се случува кога овие два модела ќе застанат рамо до рамо и ги споредат своите перформанси. Ќе дознаеме во видеото доле.

Leave a comment

error: Content is protected !!