Во елитната скопска населба Бардовци, овој викенд се одржа геј свадбена прослава.
Во присуство на најблиските, на забава покрај базен, својот брак го овековечија двајца млади момци, едниот од Скопје, а другиот од Австралија, но со потекло од Македонија.
Малата интимна свадба била навистина весела. За новопочениот брачен пар пееле Благица Павловска и Владимир од Биоритам. Благица отпеала неколку песни и направила вистински штимунг на веселбата, а гостите велат дека била многу возбудена бидејќи пеела токму на ваква, за наши услови невообичаена свадба.
Меѓу малкуте, но избрани гости била и водителката Лила Филиповска која вели дека љубовта е љубов без разлика во која форма е и меѓу кого е. Лила на свадбата била придружувана од нејзиниот долгогодишен пријател, стилистот Владимир Трајковски, како и уште една згодна девојка, која потекнува од Србија.