Биткоин инвеститор кој изгубил 1 милиони долари: Криптовалутите и натаму се “добра инвестиција”

Биткоин инвеститорот кој изгубил 1 милион долари на маркетот за криптовалути, верува дека тие и натаму се “добра инвестиција”. Сепак, Петер Мекормак ги предупредува другите да бидат внимателни со своите пари.

“Посакувам да ги продадев сите пред падот”, пишува Мекормак за “Guardian”. “Заработив пари во минатото преку напорно работење и повеќе уживав во парите”.

Како што растела вредноста, тој купил и повеќе Биткоини. Кога вредноста на неговите криптовалути надминала 300.000 долари, пролетта 2017-та, Мекормак бил премногу возбуден.

Како што растела возбудата околу криптовалутите, така се повеќе луѓе се вклучувале, формирајќи можности за своевиден “балон”. Многумина биле превозбудени за да помислат на последиците.

До декември 20170та, кога вредноста на Биткоинот пораснала до речиси 20.000 долари – Мекормак имал 1,2 милиони долари.

Тој вели дека медиумската покриеност на Биткоинот додала гориво на биткоин манијата. Вредноста на криптовалутите била “командувана” од безбројните наслови во медиумите.

Како другите инвеститори кои се богатат преку ноќ, но со недостиг на способности за менаџирање на пари, Мекормак ги трошел парите без план.

“Патував низ светот и правев интервјуа за мојот подкаст, носев пријатели во скапи ресторани и купував екстравагантни подароци за моите најблиски. Многу од моите трошоци беа бесмислени”.

“Продадов поголем дел од моите Биткоини”

До јануари 2018-та, вредноста на Биткоинот падна од своите рекордни висини. Како резултат на тоа, Петер изгубил повеќе од парите. Сега се издржува себеси од парите од својот подкасти вели дека секогаш ќе го одбере подкастот пред парите кои ги изгубил.

И покрај лошото искуство, Мекормак верува дека Биткоинот е добра инвестиција. На пример, тој забележал дека на жените во Авганистан не им е дозволено да отворат сметка во банка, но сепак можат да работат и да бидат платени во биткоин.

“Мојот главен фокус сега е да истражам како Биткоинот може да му помогне во стабилизацијата на овој “испарлив” свет”, вели тој.

Повеќе пари се губат во “традиционални инвестиции”

Приказната на Петер Мекормак може да се сфати како повик за претпазливост и заштита од опасноста на криптовалутите.

Како и да е, тој вели дека повеќето луѓе губат повеќе пари при традиционални инвестиции.

Како што пишува “CNN”, софтвер пионерот Џон Мекафе вели дека изгубил 100 милиони долари за време на светската финансиска криза во 2008-ма. Тоа било предизвикано од алчноста на Волстрит, а не од инвестиции како Биткоинот.

Сега, Мекафе е згрозен од корупцијата на владата и финансиските системи, пораид што одбива да плаќа данок.

Мекафе вели дека не платил данок 8 години и дека ги предизвикал од IRS да дојдат по него.

Leave a comment

error: Content is protected !!