Неверојатно:Биле замрзнати 42 000 години, сега се повторно живи

Група руски научници успешно оживеала два видови на ситни црви кои ги откриле во парче мраз на Сибир.

Валчестите црви ( нематоди) биле замрзнати дури 42 000 години, т.е од времето кога речиси целата планета била прекриена со мраз. Научниците во лабараторијата ги одмрзнувале црвите неколку недели. Ги ставиле во Петриева шоља со храна и ги чувале на 20 степени.

Како се загревале, така почнале да даваат знаци на живот, да се движат и да јадат. Ова е прв забележан случај на повеќекелиски организми да ги повратат фунциите откако биле замрзнати во вечен снег и мраз.

Студијата е објавена во научен магазин во мај, а од овој месец е достапна и на интернет. Научниците наведуваат дека одредени видови на бактерии, алги, габи, семиња и спори остануваат во живот иакобиле замрзнати илјадници, па дури и милиони години, но ова е прв пат да се покаже дека за тоа се способни и посложените организми.

Примероци од пермафрост се земени од Јакута, регион во Сибир. Научниците анализирале повеќе од 300 примероци и избрале два со најдобро зачувани нематоди. Еден од примероците, бил на длабочина од 30 метри и како се проценува замрзнат е пред 32 000 години, додека другиот кој е земен од длабочина од три метри е замрзнат пред 42 000 години.

Валчестите црви се помали од еден милиметар, но се многу прилагодливи. Живите примероци се најдени на длабочина од 1,5 километри под површината на Земјата, а некои се прилагодиле за живот во цревата на полжавите.

Leave a comment

error: Content is protected !!