Била во кома 10 години, па почнала да се пораѓа: Ова е злосторникот кој ја силувал пациентката

Полицијата во Аризона го уапсила медицинскиот техничар Нејтан Садерланд (36) под сомнеж дека силувал пациентка која е во кома.

Неговиот злочин бил откриен кога жената која веќе 10 години била во вегетативна состојба, се породила на 29-ти декември. Нејтан Садерланд наводно бил задолжен да се грижи за пациентката.

Пациентката која има 29 години е сместена во клиниката откако за малку ќе се удавела, а родила здраво момче. Грижата за нејзиното бебе ја преземала нејзиното семејство.

Персоналот во болницата не ни претпоставувал дека пациентката е бремена, сè додека не слушнале дека испушта гласни звуци и дека почнало пораѓањето.

Нејзиниот последен систематски преглед бил во април минатата година. Полицијата веднаш покренала истрага поврзана со сексуалниот напад, а од мажот се земени ДНК примероци.

Садерланд, кој работи во болница од 2011-та година, е обвинет за сексуален напад и за злоставување на ранливи возрасни лица. Веднаш по избивањето на скандалот, директорот на болницата поднел оставка.

Leave a comment

error: Content is protected !!