Била сексуална робинка на џихадистите од ИСИС, а сега доби Нобелова награда за мир: Нè прегледуваа како да сме животни, залудно ги молевме и повраќавме по подот

25-годишната Надија Мурад, овогодинешната добитничка на Нобелова награда за мир, за “Guardian” напишала колумна со наслов “Бев сексуална робинка на ИСИС. Ја раскажувам својата приказна бидејќи тоа е најдоброто оружје што го имам” и го открила страшниот живот на девојчињата и жените од јазидскиот народ, кои џихадистите на ИСИС ги чувале како сексуални робинки.

“Пазарот за робови отвораше навечер. Можевме да слушнеме метеж на катот под нас, каде милитантите регистрираа и организираа, а кога првиот човек влезе во собата, сите девојки врискаа. Беше како во сцена со експлозија. Викавме како да сме ранети и повраќавме на подот, но ништо не ги сопирање. Одеа по собата и гледаа во нас додека врискавме и молевме. Прво одеа кон најубавите девојки прашувајќи “колку години имаш”, разгледувајќи им ја косата и внатрешноста на устата. “Девици се, зар не”, го прашуваа чуварот, кој кимаше со главата, како трговец горд на својот производ. Тогаш наш милитантите не допираа каде што сакаа, минуваа со рацете преку нашите гради и нозе како да сме животни”, пишува Надија Мурад.

На пазарот за робови владеел хаос: Собата била полна со џихадисти кои се распрашувале на арапски и туркменски, а девојките врискале.

“”Замолчете”, ни велеа. “Тишина”. Но, на тие наредби уште посилно врискавме. Ми беше јасно дека ќе ме земат, па кога е веќе така, ќе треба да се помачи. Завивав и врискав, ги удирав кога се обидуваа да ме допираат. И другите девојки го правеа тоа, се фрлаа на земја и во своите сестри обидувајќи се да ги заштитат”, ја опишува Надија мачната атмосфера.

Додека лежела, еден џихадист застанал покрај неа.

“Беше високорангиран борец кој се викаше Салван, а дојде со друга девојка, Јазидка од Хардан, која сакаше да ја исфрли од дома, па купуваше замена за неа. “Стани”, ми кажа. Кога не го послушав, ме шутна. Ти! Девојко со розовата јакна! Стани кога ти кажувам. Очите му беа црвени и лицето целосно зараснато со влакна. Не изгледаше како човек, туку како чудовиште”, наведува таа.

Мурад мисли дека нападот на Синџар на северот на Ирак и земањето на девојчиња за бело робје не било спонтана одлука која туку-така му паднала на памет на некој војник на бојното поле. Исламската држава добро го смилила планот: ќе влезат во јазидските куќи, ќе видат која особина на девојките ги прави повеќе или помалку вредни, кој џихадисти заслужува робинка како подарок, а кој мора да ја плати. Дури и дебатирале за сексуалните робинки во Дабик, пропагандното гласило на ИСИС, за да привлечат повеќе регрути.

Надија вели дека дознала дека таа пракса постои во Руанда. Но пред терористите да почнат да освојуваат таа воопшто не слушнала за Руанда, ни да замисли дека ќе ја доживее истата судбина како тамошните жени. Таа сведочи дека џихадистите на катот под нив прецизно ги забележувале имињата на жените и борците кои ги земале,а таа само размислувала за тоа дека Салван е огромен и силен и дека може да ја скрши со голи раце…

“Што и да ми правеше и колку и да се спротивставував, не можев да се одбранам. Смрдеше на расипани јајца и колонска вода. Гледав во подот, во стапалата и глуждовите на девојките кои минуваа покрај мене. Во гужвата видов и неколку ситни машки стапала, како да се женски – и се фрлив во нив. Почнав да ги молам. “Те молам, земи ме”, велев. “Прави ми што сакаш, не смеам да одам со овој џин”. Не знам зошто слабиот прифати, но се заврте кон Салван и му кажа. Оваа е моја. Салван не се противеше. Слабиот човек беше судија во Мосул и никој не му се спротивставуваше. Го следев до масата. “Како се викаш”, ме праша. Гласот му беше мирен, но нељубезен. “Надија”, реков, а тој почна да пишува”.

Надија Мурад паднала во рацете на џихадистите на почетокот на 2014. година, кога го нападнале нејзиното село во Синџар. Неа и сестра и ги заробиле, а мајка и шестмината браќа загинале. На почетокот на 2015. година, по три месеци заробеништво, успеала да побегне од рацете на џихадистите. Побегнала во Германија, а минатата седмица и била доделена Нобелова награда за мир.

Во објаснувањето на својата одлука, комисијата навела: “Таа покажала необична храброст во искажувањето на сопственото патење и заложување во име на другите жртви. Надија е една од 3.000 јазидски девојки и жени кои биле жртви на силување на ИСИС. “

Leave a comment

error: Content is protected !!