Била најжешка фудбалска навивачка во историјата: Како изгледа денес Лариса, која го полуде светот

Глумела во неколку серии и филмови, се фотографирала за “Playboy”, а денес добро заработува и како модел на социјалните мрежи.

Ѕвездата на светското првенство во 2010. година, Парагвајката Лариса Мабел Рикелме Фрутос, значително се променила последните осум години. Лариса и натаму изгледа одлично, а во меѓувреме се омажила и станала мајка.

Атрактивната Лариса има повеќе од половина милион фанови на Инстаграм, а секојдневно објавува фотографии од своето семејство. Фановите посебно се воодушевени од нејзината преслатка ќеркичка.

 

Многумина се разочарале кога го виделе сегашниот изглед на Лариса, но убавицата која се прослави со голотијата на светските првенства и натаму изгледа одлично.

Нејзините фанови сметаат дека токму таа е заслужна за успехот на Парагвај на Светското првенство. Пред осум години нејзината репрезентација дошла дури до четвртфиналето, каде испаднала од Шпанија. Тогаш Рикелме ветила дека ќе се соблече ако Парагвај го освои првенството.

Учествувала и во аргентинската верзија на “танц со ѕвездите” и дошла до финалето, а многумина ја критикувале дека била премногу заводлива.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!