Селим Ахмед (10) од Бангладеш, роден е слеп поради вродена катаракта. Не можел да оди во училиште, да ги види своите родители, да прави се што прават неговите врсници… се до денес.
Една хуманитарна организација ја финансирала неговата операција и Селим прогледал. Тој и понатаму не може да гледа 100 проценти, но може да обавува работи кои никогаш не можел да ги прави. Др. Шах која го оперирала изјавила дека верува дека видот на Селим со текот на времето ќе се подобри уште повеќе.
Blind boy, 10, sees for first time after life-changing surgery https://t.co/3mAO9pCbvu via @MetroUK
— inclusivesportscoach (@inclusive_coach) July 25, 2018
„Селим беше слеп од раѓање поради катарактата, пред операцијата неговите раце му беа очи. Дека операцијата беше успешна зборува неговата насмевка. Како ќе проаѓа времето, така видот ќе му биде се подобар. Нема да зависи од никој, нема на никого да му биде терет. Зарем не е тоа прекрасно? Положбата на неговите очи се нарекува нистагмус, а бидејќи од раѓање не гледа, неговиот мозок не можел да го контролира нормалното движење на очите. Оваа состојба за жал никогаш нема да се промени, но видот ќе оди на подобро“- изјавила докторката Шах.