Бил опседнат со манекенот, го копирал и ги сакал неговите пријатели и девојка – па го убил

Британскиот суд го прогласил за виновен 24-годишниот манекен Џорџ Коу за виновен за убиството на колегата Хари Узока. Тој на момчето му забил нож во срце во населбата Шепардс буш, каде живеела жртвата.

Обвинителот на суд изјавил дека убиецот бил опседнат со Хари, кој бил поуспешен од него. Џорџ, за кого луѓето често зборувале дека физички личи на Хари, ја имитирал својата жртва и се обидувал да се зближи со неговите пријатели.

Узока како модел работел за “GQ”, “Mercedes” и “Zara”. Не гледал ништо страшно во тоа што Коу го имитирал, меѓутоа го изнервирало тоа што зборувал дека спиел со неговата девојка. Коу, кој работел за “Louis Vuitton”, тврдел дека тој и Узока биле пријатели се додека тој не спиел со Руби Кембел, девојката на Хари, кој исто така работела како модел.

Судирот ескалирал кога Коу на Инстаграм пратил порака во која го предизвикал Хари на пресметка. Пред судот сведочела и една нивна заедничка пријателка, моделката Анесит Лафон, која во Лондон пристигнала кон крајот на минатата година. Рекла дека Коу ја повикал кај него дома, а тој почнал да ја тера на секс.

“Ми кажа дека некогаш бил пријател со Хари и дека спиел со неговата девојка”, изјавила Лафон.

Анесит подоцна се преселила кај Хари и му го кажала тоа што и го кажал Коу, на што Хари само се насмеал. Коу подоцна му пратил порака на Инстаграм во која пишувало: “Каде си? Ќе дојдам. Може да се тепаме. Донеси ги пријателите со тебе”. Хари на тоа одговорил да дојде во населбата во која живее. Хари бил со својот цимер, а Коу на местото на средбата дошол со двајца пријатели, кои исто така биле осудени.

На шокантната снимка од безбедносните камери се гледа како Коу и неговите двајца пријатели трчаат по жртвата. Го натерале во агол зад еден црвен автомобил и Коу го забил со нож во срце. Неколку минути подоцна, момчето искрварило на улицата.

Leave a comment

error: Content is protected !!