Бил Гејтс: 30 милиони луѓе би можеле да умрат за само неколку месеци ако не се освестиме

Бил Гејтс издал сериозно предупредување за смртоносната болест која би можела да убие повеќе од 30 милиони луѓе за само неколку месеци.

Основачот на “Microsoft” верува дека смртоносна епидемија на грип би можела да ја погоди нашата планета и дека за неа човештвото треба да се подготвува како што се подготвува за војна.

Милијардерот и филантроп рекол дека “постои значајна веројатност за голема и смртоносна современа пандемија која би можела да го погоди светот во текот на нашите животи”, пишува “Gizmodo”.

“Нема подготовки за биолошки закани”

Ова апокалиптично предупредување Гејтс го изнел во петокот на научниот собир во Масачусетс. Иако на оваа тема зборувал и претходно, никогаш не бил толку сигурен во своите зборови.

“Кажете им на светските лидери дека во изработка е оружје кое може да убие 30 милиони луѓе – веднаш на сите начини ќе се подготват против таквата закана. Но, во случајот со биолошките закани не е така”, уверен е еден од најбогатите луѓе на светот.

 

Нагласувајќи дека обично е оптимист, Гејтс признал дека “постои едно подрачје во кое светот на прави доволно за да постигне напредок, а тоа е подготвеноста за избивање на пандемија”.

“Потребна е подобра комуникација меѓу воените и владините организации во потрага по одговори. Светските влади треба да бидат во состојба веднаш да помогнат во развојот на технологијата и алатите против смртоносните болести”, додал познатиот богаташ.

Во обидот светот сериозно да ги сфати заканите за кои често се зборува, Гејтс во март се состанал со Доналд Трамп. Се обидел да го увери да се откаже од својот план за независна истрага за безбедноста на вакцините.

 “Еболата ни покажа дека уште не сме подготвени”

Во меѓувреме, американскиот Конгрес одобрил дополнителни средства за Националниот центар за контрола и превенција на болести.

Гејтс се надева дека САД би можеле да ги поттикнат и другите земји да се подготват за сценариото за избивање на епидемија.

“Уште не сме доволно добри во идентификување на заканата која конкретната болест ја претставува, како што покажала глобалната реакција на последната епидемија на ебола”, заклучил Гејтс.

Leave a comment

error: Content is protected !!