Би сакале ли да престојувате во куќа направена од чоколадо

Будење во традиционална куќа во целост направена од чоколадо можеби звучи како фантазија, но тој сон едноставно стана јаве.

Единствената традиционална куќа ја осмисли и произведе Жан Лук Деклузеау реномиран производител на чоколадо, кој е познат по своите чоколадни скулптури. Чоколадната куќичка се протега на 18 метри квадратни, може да угости четири лица и за нејзина изработка се потребни 1,5 тони чоколада. Среќниците кои ќе успеат да осигураат сместување во оваа куќарка ќе поминат ноќ во вкусна декаденција, опркужена со чоколадни слатки на секој чекор. Цената по ноќевање е 50 евра.

Посебно изградени чоколадни детали во внатрешноста на куќата вклучуваат сè, од ѕидови и кров до камин, маса, часовник, чаши и книги. Дури и лустерот е од чоколадо. Но, чоколадната авантура тука не завршува. Во дворот се наоѓа и рибник од бело чоколадо и неверојатни саксии со цвеќиња, секако од чокоаладо. Добра вест за љубителите на чоколадото е што оваа куќа може да ја резервирате преку Booking.com.

Сместена во внатрешноста на стаклената конструкција на L’Orangerie Ephémère во градината на комплексот музеи во Cité de la Céramique во близина на Париз, чоколадната куќичка им овозможува на гостите идилично опкружување.

“Никогаш не ни помислив дека ќе добијам можност да изградам вистинска чоколадна куќа во која луѓе ќе преноќеваат”, вели сопственикот и додава:

“Се надевам дека гостите ќе ја искористат оваа можност и ќе уживаат во ноќевањето на толку слатко и уникатно место”.

Leave a comment

error: Content is protected !!