Бесниот Трамп на самитот на Г7 на лидерите им одржал лекција која нема да ја заборават

Американскиот претседател Доналд Трамп, жестоко им се спротивставил на светските лидери на денешниот самит на Г7 во Канада, велејќи им дека нема да дозволи да се третираат САД како “касичка”.

Во прилично бесен тон, американскиот претседател, зборувајќи во Квебек, рекол дека САД “со децении биле искористувани” од остатокот од светот.

Тоа повеќе нема да биде така, рекол Трамп и додал дека е време САД да добијат подобар третман од ЕУ, Канада и другите трговски партнери кои не биле на самитот.

“САД се искористувани со децении и децении и тоа повеќе нема да го дозволиме. Не може тие да ни наплаќаат царини од 270 проценти, а ние да не им наплаќаме ништо, тоа повеќе не функционира”, вели Трамп.

Тој рекол дека САД се борат за системот на слободна трговија без царини, без бариери и без субвенции. “Така треба да биде”, истакнува Трамп.

“Царините ќе се намалат. Ние сме како касичка-прасичка од која секој краде – а тоа сега завршува”, јасен бил Трамп.

Според неговите зборови досега на самитот дошло до многу продуктивен напредок. “Имавме многу продуктивни дискусии за потребата од правично и реципрочно – што во превод значи – ист третман”.

“Дадов многу изјави кои сакам да ги објаснам. Сакаме и очекуваме од другите земји да пружат фер пристап кон пазарот и ги преземаме сите неопходни чекори за да ја заштитиме американската индустрија од нечесната трговска пракса”, рекол Трамп.

Leave a comment

error: Content is protected !!