Бесни автомобили, злато, егзотични одмори: Што прават богатите деца на Инстаграм за празниците

Богатите деца од Инстаграм католичкиот Божиќ го минале исто како што и обично живеат – луксузно и гламурозно, притоа фалејќи се на социјалните мрежи.

Веројатно не е изненадување ако ви кажеме дека за празниците се частеле со скапи подароци, ако некое парче со потпис од “Chanel”.

Шопингот во ексклузивни продавници како што се “Louis Vuitton” или “Gucci” обично завршува со спа третмани во хотели. Па, и тие заслужиле да одморат, зарем не? Не е лесно да се оди на шопинг и да се слика на секој чекор.

Оние кои не биле премногу уморни од посетите на рајските острови, за Божиќ се подготвувале да ги посетат песочните плажи на Малдиви.

Една од оние кои за Божиќ се подготвувале на плажа е Канаѓанката Лиса Хомси, која со момчето отпатувала на Малдивите. На своите фанови на Инстаграм им се пожалила дека времето баш не ги послужило, односно дека врнело дожд.

Левата “санка” е инаку е “Lamborghini Countach”, чија почетна цена е околу 400.000 долари, а може да порасне и до милион, а зелената “санка” е “Lamborghini Aventador”, чија цена, во зависност од опремата, варира од 754.600 до 825.900 долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!