Бесмртен Русин открил интересен трик: Ставил рака под жежок течен челик, а не му било ништо

По две години претпоставки и расправи од шокираните гледачи на ЈуТјуб, се огласил и “бесмртниот Русин”, кој на снимката става рака под млаз истопен челик.

Аркадиј Мгдасијан открил дека зад неверојатниот трик, кој го виделе преку милион и пол луѓе, се крие феномен со име “Лајденфростов ефект”, како што и многумина претпоставувале. Тој се случува кога водата ќе допре многу жешка површина, па пареата на момент создава заштитна бариера.

“Ако добро ја навлажните раката пред да допрете истопена маса, пареата, за момент, ќе ја заштити вашата кожа од изгореници”, објаснува храбриот работник од челичаната во Ерменија.

Аркадиј признал дека се плашел кога прв пат го извел трикот, иако знаел дека физиката е зад него.

Leave a comment

error: Content is protected !!