Банкарот не и одобрил кредит, па почнала да се соблекува пред него

Јулиа Кузмина отишла да побара кредит во една руска банка во градот Казан. Кредитот наводно ѝ бил потребен за автомобил, пишува Дејли Меил.

Меѓутоа, банкарот го одби нејзиното барање, бидејќи не ги исполнувала условите за одобрување на кредитот. Но, тука не беше крајот за Јулиа. Дејли Меил пишува дека потоа започнала да се соблекува и да танцува пред банкарот со надеж дека на тој начин ќе го предомисли и ќе ѝ го одобри кредитот.

На Интернет се појави снимка на која се гледа целиот настан. Првично ја соблекла маицата, а потоа и градникот, но банкарот не бил импресиониран па ѝ се приближил, ѝ го облекол капутот и ја испратил надвор, а секако од кредитот ништо.

Leave a comment

error: Content is protected !!