Балканската Софија Вергара: 100 милиони луѓе во живо го следеа нејзиниот настап

Рекордни 100 милиони гледачи го следеа настапот на Елени Фуерира, овогодинешната преставничка на Кипар.

Грчката пејачка, која е родена во Албанија до пред само неколку денови беше надвор од било каква шанса за да се доближи до топ 10 најдобри евровизиски песни на овогодинешниот музички натпревар. Но, работите драстично се сменија кога светот ги виде првите проби на преставникот на Кипар.

Моќна, заводлива, елегентна и забавна, новинарите ја опишаа како балканската Софија Вергара.

Елени настапува во големото финале на Евровизија на 12-ти мај, а важи за еден од трите најголеми фаворити за победа. Дали ќе успее во намерата да ја донесе Европа во Кипар во 2019 година не знаеме, но едно е сигурно- нејзиниот настап дефинитивно уште долго ќе се прераскажува.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!