Балканот и промајата: “Таа е нашето чудовиште од Лох Нес”

Веќе со децении, без разлика дали е лето или зима, трае борбата меѓу многуте жители на Балканот и славната промаја.

Температурата се врти околу нулата, топлото чоколадо и “ѕиврите” се многу актуелни, како и борбата против традиционалниот непријател од овие простори – промајата.

Сепак, тој непријател се заканува и кога температурата е над 30 степени – едноставно, тој секогаш чека од зад аголот.

Зимата одамна дојде и ќе биде тука уште долго. Проблемот со промајата е нешто поактуелен во текот на постудените периоди, кога многумина се затвораат дома и чекаат пролет, бидејќи кој уште отвора прозор и проветрува кога надвор е минус.

Едно е сигурно – во таа група има најмногу Балканци.

“Оди види да не останала вратата отворена”, знае да ви каже некој од домашните.

“Проверив. Малку е отворена”.

“Ете, чувствувам дека нешто влече. Затвори ја”.

Промајата секогаш чека.

Што е промаја?

“Затвори прозор, ќе те убие промаја”, е реченица која секој на Балканот ја слушнал.

Сепак, точна дефиниција за тоа што е промаја – нема.

Најточен опис би бил струење на воздухот или проветрување кое настојува поради отворени прозори на спротивни страни од просторијата.

Верувањето вели дека промајата е опасна по здравјето и дека од неа може да се добијат разни болести – настинка, вкочанетост и друго.

Промајата во главно ги плаши постарите граѓани, иако има и млади кои ја избегнуваат.

Сето тоа може да доведе до бројни проблеми, па можни се и расправии во јавниот превоз поради прозорите кои треба да бидат отворени или затворени.

Лекарите истакнуваат дека промајата не постои, но дека тоа досега не ги намалило стравовите на граѓаните, па на шега често велат дека промајата е еден од најголемите проблеми на Балканците.

“Струењето на воздухот е корисно и препорака е да се прави неколку пати во текот на денот – и лето и зима – проветрувајте”, истакнува за BBC специјалистот по општа медицина Невенка Димитријевиќ.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!