Балканци славеле Ѓурѓовден на сред парк во Берлин: На ражен “фрлиле” 12 јагниња, Германците повикувале полиција: “Ми се гадите”

Полициските диспечери во Берлин веројатно досега слушале секакви поплаки, но тоа што се случило на 6. мај веројатно го слушнале прв пат во својата кариера.

“Ве молам дојдете во паркот Фридрихсхајн. Тука некои луѓе изнесуваат овци од автомобили – целите одрани”, рекол шокираниот човек од другата страна на телефонската линија.

Паркот во Фридрихсхајн не е многу далеку од центарот и се наоѓа на само три километри воздушна линија од Бранденбуршката капија. Таму, на сред бел ден, Германците се навикнати да шетаат, да трчаат, да спортуваат. Сепак, Балканците решиле да запалат скара на тревникот во паркот и на неа да фрлат 12 јагниња.

“Децата трчкаа околу врелиот ќумур на сувата треба. А таму..овци. Дванаесет паричиња. Сите се вртеа на ќумурот под Сонцето. Се вртат на акумулатори, се подразбира”, напишала берлинската полиција на својата Фејсбук страна.

Во германскиот јазик не постои посебен израз за јагне. Поради тоа и преводот од германските објави е “овци”, но според фотографиите може да се заклучи дека сепак станува збор за јагниња.

Кога пристигнале пожарникарите во паркот, јагнињата морале да бидат спасени.

“Го правиме тоа веќе 10 години”, рекол еден од присутните, пренесува полицијата. Наводно рекле дека така слават Велигден, но веројатно и полицијата лошо пренела – во неделата се славел Ѓурѓовден.

Според наводите на полицијата, пренесува весникот “Bild”, повеќето учесници на прославата биле од Босна и Херцеговина. Други медиуми пишуваат дека легитимираните имале хрватски или германски документи. Јагнињата, велат, ги купиле кај месар во берлинската населба Вединг, пишува “Deutsche welle”.

Социјалните мрежи се преполни со критики за ова однесување, некои се прашуваат “какви се тие луѓе”, а некои велат дека во “Германија повеќе не постојат закони”.

Еден корисник на Фејсбук со презиме кое завршува на “иќ” се прашува зошто толкава паника, наведува дека никој не бил повреден и дека е подобро да се зборува за поважни теми, како на пример педофилијата во Германија. Еден му одговорил: “Типичен мигрант во Германија. Се спротивставува на обврските, но си ги бара своите права. Ми се гадите”.

Учесниците во овој пикник, сега би можеле да добијат казни и од по 5.000 евра. Полицијата ја искористила виралноста на оваа објава за да потсети како и каде треба да се прави скара. “Не е важно што се слави, туку како”, соопштила полицијата.

Leave a comment

error: Content is protected !!