Интернет хит: Багажот ви е потежок од потребното? Еве што има да ви покаже ова момче

Речиси секој пат кога патуваме подолго од 3 до 4 дена, имаме проблем со пакувањето на работите кои мора да се вклопат во пропишаните рамки на секоја компанија.

Обично е дозволено куферот кој се чекира да не биде потежок од 25 килограми, но што да правиме кога патуваме на подолг период, а уште полошо – во зима? Работите како резервен пар чевли, дебели џемпери и останатите зимски аксесоари тежат многу, а вистинска уметност е да спакувате сѐ како што треба.

На интернет деновиве кружи фотографија од младо момче кое очигледно знае дека ја надминал дозволената тежина на багажот, но се досетил како да го пројде чекирањето без да доплати. Тој го спуштил куферот на вагата и малку го подигнал со стапалото, а некој од останатите патници ја снимил целата ситуација и ја споделил на Фејсбук.

Leave a comment

error: Content is protected !!