Баба и дедо шверцувале кокаин во вредност од 2 милиони евра на луксузен брод

Двајца британски пензионери се обвинети за обид за криумчарење на повеќе од два милиони евра вреден кокаин во Европа. Сузан (70) и Роџер (72) биле уапсени на 4 декември на брод во Лисабон.

Инспекторите кај парот откриле девет килограми кокаин сокриен во куферите со двојно дно во нивната кабина. Парот кој сега живее во Шпанија од претходно им е познат на британската полиција.

Со кокаин ги затекнале кога се враќале дома од одмор од на Карибите за што картата чини околу 3.300 евра. Според неофицијални информации постои можност дека парот соработувал со нарко бандата Коста дел Сол за која доставуваа дрога.

“Не сакаат да ја признаат вината, тврдат дека дури некој им ја подметнал”, вели лидерот на истрагата Витор Ананаис.

Полицијата вели дека за време на апсењето парот не пружил отпор ниту се обидувале да ја уверат полицијата за својата невиност.

Leave a comment

error: Content is protected !!