Австрискиот новинар константно го прекинувал, па Путин му одржал лекција на германски

Рускиот претседател, Владимир Путин, бил во посета на Австрија, а за австриската телевизија дал обемно интервју. Во еден момент го демонстрирал и своето познавање на германскиот јазик.

 

Новинарот му поставувал прашања за ситуацијата во Европа и ЕУ, случувањата околу Корејскиот полуостров, па дури и констатирал дека го нарекуваат “цар”, со оглед на тоа колку долго е на власт.

 

Бидејќи новинарот често го прекинувал Путин додека зборувал, рускиот претседател неколку пати го замолил да не го прави тоа.

Тоа што на многумина им влегло во очи е тоа што Путин својата молба ја упатил на германски јазик.

 

“Ако бидете трпеливи и ми дозволите да завршам, ќе го дознаете мојот став по тоа прашање. Само секунда, ве молам, не брзајте. Пуштете ме да завршам”, рекол Путин.

Тогаш истакнал дека ако го пушти да заврши, ќе дознае што навистина мисли. Потоа го прашал дали нон-стоп ќе го прекинува или ќе му дозволи еднаш да одговори.

 

“Дозволете ми завршам. Ве молам бидете љубезни и дозволете да кажам нешто”, се пошегувал Путин на германски.

На сите им е познато дека Путин одлично зборува германски јазик, бидејќи минал неколку години како агент на КГБ во Дрезден во Источна Германија.

Leave a comment

error: Content is protected !!