Австралискиот научник по своја желба “убиен” во Швајцарија: “Никогаш не сме слушнале нешто слично”

На Дејвид Гудал, австралиски научник, вчера конечно му се исполнила желбата, и со медицинска помош ставил крај на својот живот во клина во Швајцарија.

Гудал починал слушајќи ги звуците на “Ода на Радоста” од Бетовен. Додека лекарите му ја внесувале смртоносната доза на лекови, Гудал бил окружен со најблиските членови од семејството. Додека неговото семејство ги пополнувало формуларите за еутаназијата, тој константно приговарал и прашува “до кога ќе трае процедурата”.

“Што чекаме? Ќе почнеме ли веќе?”, прашувал овој 104-годишен Австралиец.

 

Докторот кој бил одговорен за “неговата смрт”, Филип Ничке, ги опишал неговите последни моменти. Докторот му поставил неколку прашања на Гудал, меѓу кои и “како се вика”, “кога е роден”, “зошто е дојден во клиниката” и “на што се надева по смртта”. Неговиот одговор дефинитивно не го очекувал.

“Сакам само да ми застане срцето”, рекол Дејвид Гудал. Откако му била внесена смртоносната доза на лекови, прашал “колку долго ќе трае ова?”.

Тоа биле последните зборови на овој австралиски научник, кој починал по неколку секунди.

“Никогаш не сум слушнал ништо слично, но господинот изгледа беше многу нетрпелив”, рекол лекарот и додал дека последната желба на Гудал била исполнета.

Leave a comment

error: Content is protected !!