Австралиската актерка: “Горда сум што сум првата жена чиј оргазам бил прикажан на британската национална телевизија”

Австралиската актерка Тони Колет (45) влегува во историјата како прва жена чиј оргазам беше прикажан на британската национална телевизија BBC. Со Стивен Мекинтош глуми во новата телевизиска драма “Wanderlust” во која се следи животот на средновечен пар кој има проблеми во бракот.

“Некој ми рече дека тоа беше првиот женски оргазам во историјата на BBC и јас сум многу среќна што тоа го направив токму јас. Мислам дека е освежувачки да се погледне еден таков искрен приказ на екран”, рекла Колет. Вели дека првенствено била многу нервозна поради снимањето на секс сцените кои ги има повеќе во серијата, но брзо ѝ поминало.

“Колку повеќе се сочувствувам со ликот кој го глумам, толку ми е полесно. Ова е важна тема и сметам дека е одлично приказната на жените во тие години да се прикаже на тој начин, бидејќи за тоа често не се зборува”, вели Колет.

Иако британските медиуми сакале да дојдат до потврда дека навистина станува збор за женски оргазам во нивната серија, сепак не успеале, но продуцентите на “Wanderlust” уверуваат дека тоа е серијата со досега најискрен и најотворен начин на кој што е прикажан сексот и врските.

Leave a comment

error: Content is protected !!