Авион полн со патници морал да слета без тркалата, на аеродромот завладеал страв од експлозија

Од компанијата рекле дека сите патници биле евакуирани без никакви проблеми.

На драматичната снимка од слетувањето на авионот се гледаат искри, додека леталото без предните тркала ја допира пистата во Перу.

Инцидентот се случило на главниот меѓународен аеродром Хорхе Чавез во Перу, кој е 11 километри оддалечен од главниот град Лима.

Авионот летал на домашна линија, кога дошло до проблеми и морал да слета на аеродромот, пишува “Daily Mail”.

 

Како што се гледа на снимката, авионот морал да слета без отворени предни тркала.

Кога авионот ја допрел земјата, дошло до огромни искри. На пистата чекале пожарникари во случај да дојде до пожар, но тоа не се случило.

Од компанијата рекле дека сите патници се евакуирани без проблеми и дека истражуваат зошто тркалата на леталото биле заглавени.

Leave a comment

error: Content is protected !!