Аутопсијата го разоткрила ужасното злосторство: Малата Мараја била отруена со хлороформ од новото момче на нејзината мајка, убиена – и фрлена во поток!

Патолозите откриле дека малата Мараја Вудс (3), која исчезнала кон крајот на октомври минатата година во Џексонвил, Северна Каролина, за подоцна телото да и биде пронајдено во поток во близина на нејзиниот дом, умрела од труење со хлороформ, откако претходно била измачувана.

Нејзиното осакатено тело било замотано во три пластични кеси за ѓубре, кои и биле врзани околу вратот и ставени во навлака за перница за двосед.

“Навлаката за перница била наполнета со цемент помешан со камења”, напишале патолозите. На девојчето во белите дробови му било пронајдена смртоносна доза на хлороформ.

За ова злосторство е обвинет Адолф Ерл Кимри Втори, момчето на мајката на Мараја, Кристи Вудс. Кристи ќерката последен пат ја видела жива на 26. ноември, кога ја однела на спиење. Следниот ден токму Кимри се јавил во центарот за итни случаи во округот Онслоу и пријавил дека девојчето изчезнало.

Телото на Мараја било пронајдено по пет дена потрага, на 2. декември, во поток во близина. Кимри во јануари оваа година бил обвинет за убиство.

Мајката тврди дека не знае ништо за ова убиство, но новинарите кои го следеле случајот наведуваат дека знаеле дека Кимри 20 пати бил обвинет за разни злосторства пред да ја убие малата Мараја.

Таткото на Мараја, Алекс Вудс, тврди дека Кимри ја силувал неговата ќерка, но во извештајот од аутопсијата нема докази за тоа. Се наведува дека бојата на аналниот отвор била променета, но ништо повеќе. Меѓу другото, се додава дека малата имала многубројни модринки по лицето, рацете и нозете. Мозокот и бил оштетен, а белите дробови полни со хлороформ.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!