Аријана Гранде проговорила за последиците со кои се бори по терористичкиот напад во Манчестер

Поп ѕвездата Аријана Гранде проговорила за траумите кои ги има поради бомбашкиот напад во Манчестер во текот на нејзиниот концерт во тамошната Арена, во мај 2017. година, кога загинале 22 лица.

Аријана признала дека се бори симптоми на пострауматско стресно пореметување предизвикани од стресот.

“Да, тоа е реално… Знам дека тие семејства и моите фанови и сите кои биле таму искусиле голема количина од тоа…”, рекла Аријана за британски “Vogue”.

“Тешко е да се зборува за тоа бидејќи огромен број на луѓе претрпеле сериозна, огромна загуба…Чувствувам дека не треба ни да зборувам за сопственото искуство, дека не треба ништо да кажам. Мислам дека никогаш нема да знам како зборувам за тоа и да не плачам”, рекла Гранде.

Leave a comment

error: Content is protected !!