Апокалиптични прогнози на научниците: Ситуацијата е алармантна, сите земји на светот влегле во “црвено”

Научниците веќе со години предупредуваат дека земјата се загрева и дека се повисоката температура ќе влијае на климатските промени и на нашите животи.

Податоците покажуваат дека минатите 150 години температурите ширум светот пораснале барем за половина, а во просек за еден Целзиусов степен.

Анти Липонен, истражувач од финскиот Метеоролошки институт ги собрал мерењата за просечните температури ширум светот и направил визуализација која од една страна е интересна да се погледне, но и покажува застрашувачки податоци. Земјата станува се потопла.

Липонен во својата визуализација опфатил податоци од 191 земја од светот и покажало колку температурите во таа земја се промениле во однос на просечните температури кои НАСА ги забележала меѓу 1951. и 1980. година.

На почетокот на визуализацијата речиси сите земји се претставени со сини кругови. Но, како минува времето, тие кругови стануваат се поцрвени и поголеми. Најголемата промена е видлива во овој век, кога сите кругови на екранот се црвени и растат.

Липонен предупредува дека порастот на температурите од два степени е доволен да влијае на климата и климатските промени. Некои земји тие температури веќе ги достигнале.

“Без разлика на тоа како визуализирате, промените изгледаат страшно”, предупредил Липонен на Твитер.

Leave a comment

error: Content is protected !!