Апасиев го нападна Димитров на Фејсбук: 40.000 долари пари ли се?

Овие денови интензивно се зборува за стипендирањето на ќерката на Никола Димитров, која минатата година, додека министерка за образование биле Рената Дескоска, добила 40.000 долари за студии во Холандија.

Реакции на оваа тема имаше и од опозицијата, од каде нагласија дека таквите стипендии треба да им се даваат на студенти кои немаат средства, а не на ќерка на министер.

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска, изјави дека при стипендирањето на Јана Димитрова немало нејзино привилегирање, ниту дискриминирање на други кандидати, односно дека таа ги исполнувала потребните критериуми.

Реакција дојде и од професор Димитар Апасиев, кој на Фејсбук го напиша следново:

„Вие мислете му ја како ќе обезбедите 200 ЕУР пари за факултет за децата, а они ќе си ги школуваат ќерките у Холандија на државна сметка. Абе, 40.000 ДОЛАРИ пара ли е 😉

p.s. И пак гласајте им ЗА на референдум за „Натовска Северна Македонија“!

#ДолуЦрвенатаБуржоазија

#МамицатаУКнишка

#ОставкаСТОКО“

Leave a comment

error: Content is protected !!