Анастасија го запали Инстаграм: MMA шампионката се сликала гола во када

27-годишната Анастасија Јанкова се бори во Белатор, и има пет победи и еден пораз. Започнала одлично, со пет победи во низа. Првите три ги решила со зафати, потоа два пати по ред славела по судиска одлука, за минатата година во мај да изгуби од од Кејт Џексон на Белатор 200.

На челните луѓе на Белатор, организација која е главен конкурент на УФЦ, им се допаѓа како Русинката ја промовира нивната организација. Често се фотографира по борба, на патувањата, но некогаш знае да објави и фотографија од када. На последната, добила 7.000 лајкови.

Атрактивната Анастасија е повеќекратка мај тај и кик бокс шампионка и една од ѕвездите во подем во Белатор. Почнала со карате кога имала шест години, на 19 преминала на тајландски бокс, а една година подоцна веќе била аматерска шампионка на Русија.

Во исто време студирала дизајн, а на факултет немале поим со што се занимава во слободно време.

Родената Московјанка се бори во категорија од 53 до 57 килограми, а висока е 165 центиметри. Како мала обожувала да ја гледа серијата “Ксена принцезата воин”, што ја инспирирало да се запише прво на карате, а потоа и на други боречки спортови.

Leave a comment

error: Content is protected !!