Американски ќорец: Балистичката ракета “Minuteman III” морала да биде уништена, еве зошто

Невооружениот американски интерконтинентален балистички проектил “Minuteman III” синоќа бил намерно уништен затоа што при тестирањето се појавила аномалија, потврдиле од американската армија.

Како што соопштила командата за глобални удари при американското воено воздухопловство, наведено е дека ракетата која што летала кон Маршалските острови на далечина од околу 6,800 километри, безбедно била уништена над Пацификот.

Од американската армија соопштија дека аномалија на ракетата претставува било кое неочекувано случување за време на тестирањата и може да биде предизвикана од најразлични фактори.

Сепак, никој не открил каков проблем бил детектиран кај интерконтиненталниот проектил кој што ја претставува најголемата ударна моќ на американскиот нуклеарен арсенал.

 

Американските медиуми пренесуваат дека била формирана работна група која што ќе анализира што точно се случило.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави модернизирање на американскиот нуклеарен арсенал кој што најверојатно ќе опфати и модернизација на интерконтиненталниот проектил “Minuteman III”.

Американските медиуми потсетуваат дека “Minuteman III” е единствениот во арсеналот на американската армија кој што истовремено е интерконтинентален и може да понесе нуклеарни боеви глави.

Станува збор за проектил кој е воведен во служба во 1970-та година и може да носи три помали нуклеарни боеви глави, наместо една голема. Американската армија располага со вкупно 450 вакви проектили кои што би требало да останат во служба до 2020-та година.

Leave a comment

error: Content is protected !!