Американски цариник брутално убивал проститутки, но една од нив успеала да побегне…

Воениот ветеран и супервизор на граничната патрола Хуан Дејвид Ортиз помеѓу 3 и 15 септември уби 4 лица, а уапсен е бидејќи една жртва побегнала.

Американскиот цариник Хуан Дејвид Ортиз е уапсен поради убиство на 4 проститутки и тоа откако една жена успеа да му побегне откако ја нападнал.

После апсењето тој ги признал злоделата, а поради тоа што убиствата се случиле во период од две недели, тој е класификуван како сериски убиец.

Пиштолот како единствено оружје
Ерика Пена дотрчала до полицајците и им рекла дека Ортиз вперил пиштол кон неа и сакал да ја убие. Таа изјавила дека Дејвид ја земал од на улица, но започнал да се однесува чудно кога ја споменал Мелиса, девојката чие тело беше пронајдено неколку дена претходно. Тој го паркирал автомобилот покрај бензинската пумпа и Пена се обидела да излезе од возилото. Ја фатил за маица и вперил пиштол во неа, но Ерика започнала да вреска и да бара помош. Ја соблекла маицата и побегнала од автомобилот. Веднаш налетала на полиција и го опишала напаѓачот, после што била започната потера.

Обвинителот на округот Веб и Запата Исидро, Аланиз рекол дека Ортиз побегнал, но другиот ден бил пронајден во еден камион на бензинска пумпа. За време на бегството убил уште две проститутки – една жена и едно трансродово лице. Пиштолот бил единственото оружје кое го користел.

“Ортиз е одговорен за сериските убиства, овој случај е грозен”, рекол обвинителот.

Две идентификации
Како што наведуваат американските медиуми, само две жртви биле идентификувани, и тоа како американски државјанки.

Монструмот во униформа работел за граничната полиција 9 години, а претходно од 2001 до 2009 бил во морнарицата на САД. Како војник, стекнал диплома на Воениот Универзитет, а потоа магистрирал на Универзитетот Свети Марија.

Leave a comment

error: Content is protected !!