Американската зона на смртта: Професор открил дел во САД каде може да се изврши убиство, а да не се одговара за истото

Поради границата на трите држави, постои мал дел земја во Националниот парк Јелоустоун, каде законите технички не се применуваат.

Оваа локација, која е именувана како „Зона на смртта“, прв пат ѝ привлече внимание на јавноста во 2005-та година, благодарение на професорот Брајан Калт, од Државниот универзитет – Мичиген.

Во есејот, под наслов „Совршено злосторство“, Брајан истакнал дека иако повеќето паркови ја вклучуваат државата Вајоминг, мал дел се протега преку градовите Монтана и Ајдахо.

Меѓутоа, Конгресот сметал дека паркот е под контрола на Вајоминг, што би било разумно, но всушност поради тоа се појавуваат одредени проблеми.

Поради споменатото мало подрачје на Јелоустоун, што се наоѓа во Ајдахо, може да биде извршено злосторство на оваа локација, за кое што е невозможно да се суди.

Причината е тоа што според шестиот амандман, обвинетиот има право на судење од поротата на државата и областа во која е сторено кривичното дело.

Доколку некој изврши злосторство во тој дел на паркот во Јелоустоун, судењето мора да се одржи во Ајдахо, но поротата дефинитивно мора да биде сочинета од жители на Ајдахо и Вајоминг.

Кејт додава дека таква порота не е возможно да се формира, со оглед на тоа дека никој не живее во таа област. Во делот на Монтана, кој му припаѓа на Јелоустоун, живеат само неколку жители.

За среќа, никој досега не тестирал дали оваа празнина навистина функционира. Во заклучокот од есејот, напишал: „Судот можеби нема да се согласи со мојата теорија, но во секој случај овој есеј не е напишан за да инспирира некој да појде и да изврши злосторство”.

Leave a comment

error: Content is protected !!