Американец убиен во војна на банди 4 часа откако пристигнал во Чикаго: Победил неизлечива болест и дошол да брани докторат, а потоа настрадал во мафијашка пресметка

 

Шејн Коломбо одлучил својот докторат да го брани во Чикаго, а таа одлука за него била фатална, бидејќи четири часа по доаѓањето во градот бил убиен.

Тој бил фатен во вкрстен оган за време на пресметка на две банди и тоа за него било фатално.

Приказната со брзина на светлината се проширила на мрежите кога се дознало дека несреќникот неодамна излегол како победник во борба со болест.

На Шејн на 15 години му бил дијагностициран еден облик на канцер – линфом, со кој се борел со години.

Откако бил излечен решил докторските студии да ги продолжи баш во Чикаго. Неговата мајка Тоња вели дека момчето по доаѓањето во градот тргнало да си купи облека, а дека планирало да живее со пријател.

Коломбо е едно од шест лица кои биле убиени во престрелка во текот на викендот во Чикаго, додека во истиот период биле повредени 23 лица

Инаку, жителите на овој град веќе со години апелираат до надлежните да направат нешто за да се намали бројот на убиства.

Полицијата на Чикаго најавила дека улиците биле пратени 1.400 нови полицајци, за да се зголеми безбедноста на граѓаните.

Само оваа година во Чикаго биле убиени 2.069 лица, што е 521 помалку од истиот период минатата година.

Leave a comment

error: Content is protected !!