Американец работел во градина, па на дрвото забележал пума: Се заглавила на висина од 15 метри, ја спасиле пожарникари на посебен начин

Мажот од Калифорнија се изненадил додека работел во својата градина и врвот од стеблото забележал пума. Големата мачка се заглавила на висина од околу 15 метри, па човекот морал да повика пожарникари.

Пумата ја успале и ја симнале со помош на носилки, ја прегледале биолози и ја пуштиле во дивината.

“Нормално е дека младите пуми залутуваат надвор од своето вообичаено место на живеење за да обележат територија”, рекол биологот Кевин Бренан.

Иако нападите на пумите на луѓето се ретки, би било опасно животното да се остави на стеблото.

Потсетуваме, неодамна тркачот Тревис Кофман од Колорадо раскажал дека го нападнал пума додека ја трчал својата вообичаена рута.

“Се фрли на мене, а стравот во мене наеднаш се претвори во борбен став. Пумата ме гризна за зглоб и почна да го влече, со канџите ме гребеше по рацете и лицето. Беше страшно”, рекол Кофман, кој на крајот се спасил така што го задавил животното.

Leave a comment

error: Content is protected !!