Американците застрелале врколак: Мистериозно суштество уловено во Монтана ги збунува научниците

Мистериозно суштество налик на волк било застрелано во САД и ги збунило експертите за животни кои велат дека не знаат за какво животно станува збор.

Еден фармер го убил животното откако го открил во близна на стоката во Дентон во Монтана. Меѓутоа, експертите кои верификуваат уловени волци велат дека животното е нешто друго.

 

“Не знаеме што е ова  додека не добиеме ДНК извештај”, изјавил Брус Ошли, портпарол во Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана – “FVP”.

Меѓу теориите кои веќе кружат на интернет се наведува дека тоа би можело да е гризли мечка, хибрид на којот или – можеби најмалку веројатно – доказ дека постојат врколаци.

Од “FVP” велат дека суштеството е млада женка од семејството лупус, член на семејството кучиња кои вклучуваат лисици, којоти и волци. Се додава дека експертите најпрво мислеле дека се работи за волк бидејќи забите биле премногу кратки а канџите големи.

“Неколку работи ми привлекоа внимание кога ги видов фотографиите”, рекол Ти Смакер, специјалист за волци при “FVP”. “Ушите се преголеми, нозете изгледаат кратки, стапалата се многу мали, а крзното е чудно”.

Една од теориите е дека можеби станува збор за хибрид на врколак кој се одгледува во заробеништво и се пушта во дивината. Но, резултатите од ДНК тестот ќе бидат познати за околу еден месец.

Ловот на волци е дозволен во државата и на жителите им е дозволено да убиваат волци кои ги загрозуваат нивните имоти. Минатата седмица, како што објавил “BBC”, истражувачите од Монтана процениле дека има околу 900 волци ширум државата.

Leave a comment

error: Content is protected !!