Американците ги обвиниле Русите дека блефираат, а што ќе кажат сега: Протекла снимка од руското оружје на иднината, тешкиот стелт дрон Охотник

На интернет се појавила првата фотографија на која веројатно се наоѓа руското тешко ударно беспилотно летало “Охотник”, пренесува “Роскаја Газета”.

Иако Американците тврделе дека Русите блефираат кога зборуваат за воведувањето на тешкото беспилнотно летало “Охотник” во вооружувањето на својата армија, на Твитер се појавила фотографија.

Весникот пренесува дека машината со крила со специјални сензори, конструирана по шемата “летечки крила”, веројатно е фотографирана на еден од аеродромите. Во коментарите под фотографијата на Твитер се забележува дека рускиот “Охотник” е сличен на американското беспилотно летало “H-47V”.

Како што пренесува американскиот весник “Drive”, повикувајќи се на отворени извори на мрежата, некои руски ловци од петтата генерација Su-57 веќе имале контури на “Охотник”.

Во декември 2018-та година, заменик министерот за одбрана на Русија, Алексеј Криворучко изјавил дека првиот лет на беспилотното летало ќе биде одржан на пролет во 2019-та година.

Во јули беспилотното летало било прогласено за прототип на рускиот ловец од шестата генерација, а во јуни 2018-та прв пат излегло под отворено небо.

Информациите за конструирањето на “Охотник” се појавиле во 2012-та година, кога се тврдело дека за создавање на ударното беспилотно летало со тежина од 20 тони задолжени се компаниите “Sukhoi” и “MiG”.

Дизајнот на леталото подразбира опремување по модуларна шема која ќе овозможи промена на товарот во зависност од видот на борбената мисија.

Максималната брзина на леталото се проценува на 1.000 километри на час. Леталото ќе биде воведено во редовите на воената авијација до 2020-та година. Буџетот за проектот се проценува на 1,6 милијарди рубљи.

Leave a comment

error: Content is protected !!