“Америка сака да не уништи, ова се доказите”

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, им се обратил на странските политичари во Каракас и во таа прилика покажал неколку снимки кои, според неговите зборови, докажуваат дека САД под изговор дека доставуваат хуманитарна помош сакаат да ја уништат независноста и суверенитетот на Венецуела.

Наводно, снимките пуштени на конференцијата ги прикажуваат “злосторствата” кои ги направила венецуелската опозиција на 23-ти февруари. На нив можат да се видат демонстранти со покриени лица кои фрлаат молотови коктели врз полицијата. Потоа се гледаат луѓе кои ги прават, а последното видео прикажува запалени остатоци од хуманитарната помош.

Камионот со хуманитарна помош наводно содржел жици, шајки и парчиња арматура, што е доказ дека Колумбија и САД не се водени од хуманитарни цели, смета Мадуро.

Како што наведуваат венецуелските власти, запалениот камион превезувал не само храна и лекови туку и опрема за градење на барикади. Камионот потоа бил запален со коктели кои биле фрлени од правец на Колумбија, навел Мадуро. Поради сето тоа, претседателот не дозволува влез на хуманитарни конвои во земјата, а прекинати се сите дипломатски односи со Колумбија. Исто така се протерани и дипломатите од колумбиската амбасада во Каракас.

Leave a comment

error: Content is protected !!