“Amazon” достигна пазарна вреднсот од 1.000 милијарди долари

“Amazon” – малата он-лајн продавница, за нешто повеќе од 20 години станала планетарен мастодонт на купувањето преку интернет и во вторникот, само неколку седмици по “Apple”, ја надминала вредноста од 1.000 милијарди долари.

Компанијата која ја основал Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, го преминала тој праг во околу 15:30 часот вчера, кога цената на акциите на “Wall Street” достигнала 2050,27 долари.

Државната компанија “PetroChina”, на кратко, во текот на излегувањето на берзата во 2007. година, достигнала вредност од 1.000 милијарди долари, но кратко потоа паднала.

Технолошкот гигант “Apple” на 2. септември станал првата компанија на светот чија пазарна капитализација достигнала 1.000 милијарди долари.

“Amazon”, основан во 1994. година, како интернет книжарница, ја продал првата книга во 1995. година. Од тогаш константно се шири и доминира во трговијата со електроника, информатика, облека, храна, мебел, играчки, накит и други производи.

Американската компанија денес вработува 575.000 луѓе.

Leave a comment

error: Content is protected !!