Алергични сте на мачки? Тие маки завршуваат набрзо

Доколку сте љубител на мачки, но поради алергиите не можете да бидете во нивна близина, на вашите маки им доаѓа крајот бидејќи научниците откриле вакцина која ја лекува алергијата на мачки.

Луѓето дијагностицирани со алергија на мачки всушност се алергични на протеинот Fel-d1 кој се наоѓа во крзното на овие животни. Овој протеин се закачува на првутот на мачките и на тој начин се шири во просторот во кој мачката живее или престојува.

Кога Fel-d1 ќе влезе во организмот на лицето кое е алергично, доаѓа до зголемено лачење на хистамин што предизвикува црвенило на очите, кивање и отежнато дишење. Ова е особено опасно за луѓето кои боледуваат од астма или некој друг облик на болести на дишните патишта.

Вакцината наречена “HypoCat” е решение за сите луѓе кои го имаат овој проблем. Научниците ја развивале оваа вакцина подолго од десет години, а истакнуваат дека досегашните истражувања и експерименти покажале дека е многу делотворна.

“HypoCat” се вбризгува во мачките, го зајакнува нивниот имунолошки систем и на тој начин помага да се елиминира протеинот Fel-d1 од нивниот организам.

Вакцината уште не е достапна за комерцијална употреба.

Animals at home . Cute Red cute little baby cat pet . kitten playing

Leave a comment

error: Content is protected !!