Александра Јанева промовираше нов спот- „Ќе се вратам некој ден“

Таа е една од најдобрите женски вокали во Македонија.

За Александра велат дека заедно со Калиопи и Нина Јанева, спаѓа во тројката- најдобри македонски женски вокали. Јанева зад себе веќе има неколку големи хитови како победничката песна на Макфест- „Врати ми го сонцето“.

Позната е и по „Мое најмило“, „Бам Бам“, „Еве ме пак“, „Солза за крај“ како и преработката на хитот на Ноне- „Зошто баш ти“.

Александра Јанева е пејачка која е родена во Струмица, а последниве неколку години доживува голем успех на македонската естрада со милионски прегледи на нејзините спотови на Јутјуб.

Најновото нејзино остварување носи наслов „Ќе се вратам некој ден“, музиката е на Панче Касапски, кој напиша и дел од текстот заедно со Огнен Неделковски, а аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев.

Слушнете ја новата песна на пејачката која плени со нејзиниот глас:

Leave a comment

error: Content is protected !!