Александар бил Велики, но не бил Грк туку Македонец?! (видео)

Додека Македонците и Грците со години се препукуваат за тоа, чиј бил Александар Велики, Холивуд реши да ни ја разреши дилемата.

Во биографскиот крими филм „Legend” со Том Харди и Емили Браунинг во главните улоги, се зборува за идентичните близнаци Роналд и Реџиналд Креј кои го тероризирале Лондон кој крајот на 60-тите години. Но, приказната за Александар не е поврзана со близнаците криминалци.

Сцената во која се раскажува за тоа дали Александар бил Македонец или Грк се одвива помеѓу два споредни ликови во грчки ресторан. Едниот од нив, вели дека Александар бил Велики, но не бил Грк туку Македонец.

Единствено што го поврзувало со Грција била љубовта и почитта кон Аристотел.

Погледнете како тоа Александар е Македонец, барем на филм:

Leave a comment

error: Content is protected !!