Доколку сте љубител на животни, тогаш сигурно на социјалните мрежи следите некои од попопуларните профили кои сопствениците им ги направиле на своите крзнени пријатели. Меѓутоа, една мачка привлекува посебно внимание. И тоа мачка за која никогаш не би рекле дека е “слатка”.
Кој би рекол дека една мачка на социјалните мрежи ќе ја следат дури 228.000 фанови.
Алберт е една лута, намуртена мачка која стекнала голема популарност ширум светот, како поради својот изглед, така и поради пораките кои нејзиниот сопственик ги остава на Инстаграм профилот.
А токму тие пораки, заедно со намуртеното лице на Алберт, овој профил го прават многу интересен.
Намуртената мачка пред неколку години била посвоена од Американците Мајк и Сузан Синглтон. Неговиот сегашен дом е нивната канцеларија.
Името го добил по Алберт Ајнштајн, бидејќи сопствениците ги потсетувал на славниот научник поради своето бушаво крзно.