Албанската мафија владее со британското подземје: Работат со дрога и тргуваат со луѓе, фалсификуваат пари, а тој е кралот на кокаинот

Албанските криминалци од неодамна ја превзеле контролата над трговијата со наркотици ширум Велика Британија, тврдат тамошните медиуми.

Полицијата на Западен Мидландс, минатата година уапсила 140 албански државјани, од кои 51 од нив биле обвинети за кривични дела поврзани со трговија со дрога.

Националната агенција за криминал тврди дека албанските криминални групи „воспоставиле значајно влијание во организираниот криминал во Велика Британија и дека имаат значајна контрола над пазарот со дрога во државата“.

Во југоисточна Англија, како најголем „крал на кокаинот“ се споменува 31-годишниот Клоџан Цопја, кој што е осуден на 17 години затворска казна поради трговија со трога. Тој и неговата ултра насилна банда од Елбасан успеале да увезат дури 150 милиони фунти вреден кокаин во Велика Британија.

Полициските агенти следеле еден од неговите курири кој што секоја недела патувал во Кент каде што пристигнувал по еден камион со кокаин. Тој потоа ја разнесувал дрогата до организираните криминални групи во Лондон, Бирмингем, Лестер и Нотингем.

Меѓу најпознатите членови на албанското криминално подземје во Велика Британија се споменуваат и имињата на Беким Доми и Шкелким Дарда во чиј што автомобил марка Мерцедес полицијата пронашла кокаин во вредност од 120 илјади фунти. Тие биле затворени во 2016-та година.

Криминалците од Албанија, покрај во трговијата со дрога, во Велика Британија имаат и други „бизниси“ како на пример и фалсификување на пари и трговија со луѓе, пренесува „Дејли Мејл“.

Leave a comment

error: Content is protected !!