Актерката пронајдена мртва во својот стан Њу Орлеанс

Американската актерка Лиса Шеридан била пронајдена мртва во својот стан во Њу Орлеанс. Тоа денес го потврдил нејзиниот менаџер Мич Клем. Причината за смртта и натаму не е утврдена, а актерката била пронајдена во својот стан во понеделникот навечер.

“Уште се чекаат наодите од обдукцијата”, рекол нејзиниот менаџер и додал дека нејзиното семејство тврди дека актерката не си го одземала животот.

Се прославила со улогите во сериите “CSI: New York” и “Halt and Catch Fire”.

Шеридан остварила повеќе од 30 ТВ улоги, а освен во CSI, се појавила и во “Менталист”. Нејзината последна улога била во филмот “Strange Nature”.

Била свршена за актерот Рон Ливингстон, кој сме го гледале во “Sex and The City”.

Пријателите на актерката се простуваат од неа на социјалните мрежи.

Leave a comment

error: Content is protected !!