Актерката објавила фотографија во костим за капење – а фановите веднаш ја нападнале со ужасни зборови!

Познатата актерка Тара Рид многумина ја критикуваат поради слабиот изглед, а најновите фотографии кои ги поставила на Инстаграм биле преплавени со негативни коментари.

“Се забавувам со девојките”, напишала таа, а реакциите на нејзините фанови гласеле “оди изеди нешто” и “изгледаш болно и преслабо”.

Веднаш биле направени два табори – оние кои ја поддржувале и оние кои ја советувале, а коментарите сигурно ја изнервирале, бидејќи многу брзо одговорила дека и пречи кога и велат дека јаде малку.

“Има толку многу дебели луѓе, на кои никој не им вели да јадат помалку. Јас сум сосема здрава. Доста ми е луѓето да ме тераат да јадам. Никогаш не сум имала проблеми со исхраната и не сум анорексична”, изјавила актерката неодамна за американскиот “Daily Mail”.

Дури и рекла дека е задоволна од својот изглед и дека не би сакала да се дебелее.

“Некои луѓе очигледно уживаат кога ќе пропадне некој кој некогаш бил славен”, заклучил еден фан и додал дека не само што е злобно на некој што очигледно има проблем со исхраната да му се кажува дека изгледа супер, туку и дека може да биде екстремно опасно.

“Немојте дополнително да ја охрабрувате кога очигледно е болна и пати од некој вид на пореметување во исхраната, што е сериозен медицински проблем”, додал еден фан.

Leave a comment

error: Content is protected !!