33 годишната актерка Хилари Даф наскоро ќе стане мајка така што отворено говореше за промените кои се видливи на нејзиното тело. Американската глумица и пејачка на својот Инстаграм профил редовно ги известува фановите за својата бременост.
Неодамна на своите фанови им призна дека бременоста досега ѝ била многу тешка, но дека сепак сè е во ред за што докажуваат и низата на фотографии на кои убавата трудница блеска.
На една од последните која ја објави на популарната мрежа, Хилари го покажа својот, сега веќе поголем труднички стомак, а во описот под фотографијата искрено говореше за сите промени кои бременоста ги предизвика.
“Сега не е возможно да ги облечам чевлите наутро, смачено ми е да станувам во доцните часови и да мокрам и да го гледам ова тело во огледало кое во моментот не е мое”, искрено напиша Хилари.