Ако пропуштивте да одите на летување, во близина падна толку многу снег што веќе можете и на скијање

Од утрово во нашата земја, но и во регионот, е значително постудено, а некаде и врне дожд. Не многу подалеку, температурите се уште пониски, а некаде има и снег.

Италија

Снег посебно паднал многу во ски-центарот Алта Бадиа, па може да се каже дека веќе во август се е подготвено за почеток на скијачката сезона.

Интересно е дека само два дена порано биле забележани поплави на другиот крај на Италија.

 

https://platform.twitter.com/widgets.js

Словенија

По наглиот пад на температурите, и на врвовите на планините во Словенија паднал првиот снег оваа сезона. Исто така, и во Словенија е ветровито, па во приморскиот дел бурата дува со јачина и до 100 километри на час.

Според прогнозите на метеоролозите, снегот во Словенија би можел да падне и до половина метар.

Хрватска

По обилните дождови кои ден претходно предизвикале невреме во Дубровник, на Јадранот се појавиле и вртлози. Прво биле забележани кај Цреса, потоа кај Виса и Пељешча, а најголем вртлог имало на море кај Подстране. Исто така, температурите во најголем дел од Далмација паднале за повеќе од 10 степени Целзиусови.

Два дена претходно силните дождови предизвикале поплави во Хрватска, Словенија, Австрија, Словачка и Полска.

 

https://platform.twitter.com/widgets.js

Leave a comment

error: Content is protected !!